Машката репрезентација за одбојкари до 19 години попладнево во хотелот „Оаза“ во Штип ќе ги започне подготовките за настапот на Балканскиот шампионат во Бања Лука.
На еднонеделните подготовки во Штип, селекторот Деан Стојанов повика 16 одбојкари. Меѓу нив и сениорскиот репрезентативец Тоше Ефремов, кој е и единствен со интернационално искуство.
Балканијадата ќе се одржи од 9 до 13 јули во Бања Лука. Покрај Македонија и организаторот БиХ уште ќе настапат и селекциите на: Бугарија, Грција, Црна Гора, Романија, Србија и Турција.






































