Нов, четврти пораз на машката младинска репрезентација на Македонија на Светското првенство за ракометари до 21 година. Македонските младинци се поразени од врсниците од Мароко, во првиот натпревар од загинувањето за пласман од 17 до 32 место.
Од самиот старт противникот ја контролираше играта и резултатот. Најголемата предност Мароканците имаа во 21.минута кога водеа со три голови разли ка 10-7. До крајот на првиот дел македонските младинци успеаа само да намалат на еден гол, па одмор заминаа со негатива од 12-14.
Со два гола на почетокот на вториот дел, црвено-жолтите успеаја да стигна до израмнување. Во продолжението уште во неколку наврати имаа нерешен резултат, но во последниот квартал, му дозволено противникот да постигне три голови низа и да поведе со +4, а подоцна и пет гола разлика. Тука веќе беше јасно дека избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ ќе претрпат нов пораз конечниот резултат на крајот гласаше 30-26 за Мароканците.
Утре од 14 часот македонската младинска селекција ќе го игра натпреварот против Мексико.
Мексиканците попладнево ќе играат против фаворитот Исланд, а тие како и нас во втората фаза блегос со 0 бодови. Тој дуел директно ќе решава која селекција ќе го освои третото место во оваа група, а со тоа ќе разигрува за пласманот 25 до 29 место.