Во новата сезона, женската ракометно првенствп ќе претрпи значајни промени. Натпреварувањето ќе се одвива во две квалитетни групи: Супер и Прва лига.

Оваа одлука беше донесена на конференцијата на клубовите што се одржа во Скопје.Од вкупно девет присутни клубови, осум гласаа „за“, додека само еден клуб беше против новиот формат.

Идејата за поделба во две лиги постоеше уште од минатата сезона, со цел зголемување на квалитетот на натпреварите и создавање повеќе дерби дуели. Сега, таа стратегија доби и официјална поддршка и ќе биде применета од следната сезона.

Во Супер лигата наредната сезона би требало да настапуваат осумте најуспешни екипи од штотуку завршеното првенство: Ѓорче Петров, Металург Автокоманда, Чаир, Куманово, Вардар, Астибо, Спартак и Пелистер.

Првата лига, пак, ќе ја сочинуваат екипите на: Деспина, Овче Поле, Ѓорче Петров 2, Стружанка и Шампион, како и нови клубови кои најавија приклучување за следната сезона.

Новоформираниот систем ќе овозможи испаѓање од Супер лигата и промоција од Првата лига, што ќе придонесе за поголема конкурентност и мотивација меѓу клубовите.

Ивона Кимовска