Ждрепката за четврт и полуфиналните рунди во второто по квалитет европско клупско натпреварување Лигата на Европа носи неколку интересни дуели.
Сигурно најголемо внимание ќе привлече пресметката меѓу англискиот претставник Манчестер Јунајтед и најтрофејниот тим во ова натпреварување шпанската Севиља екипа која секогаш кога играла во четвртфиналето, на крајот успевала да го освои и трофејот.
Но, патот на андалузискиот тим нема да биде нималку лесен овојпат имајќи во предвиде дека доколку Севиља го мине Јунајтед тогаш можен противник во полуфиналето би и бил победникот од дуелот Јувентус и Спортинг Лисабон.
Вториот полуфинален пар ќе го дадат победниците од средбите, Феенорд – Рома што е реприза од минатогодишното финале во Конференциската лига, односно дуелот меѓу Баер Леверкузен и Унион СГ.
ДВОЈКИ ЗА 1/4 ФИНАЛЕТ
МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД – СЕВИЉА
ЈУВЕНТУС – СПОРТИНГ ЛИСАБОН
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – УНИОН СГ
ФЕЕНОРД – РОМА
ДВОЈКИ ЗА 1/2 ФИНАЛЕТО
Јувентус – Спортинг Л. – Манчестер Ј. – Севиља
Феенорд – Рома и Баер Л. – Унион СГ
Четвртфинаните натпревари на програмата се на 13 и 20 април, полуфиналињата се закажани 11 и 18 мај, а големото финале ќе се игра на 31 мај на стадионот „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта.