Женската одбојкарска репрезентација на Македонија денеска ќе го започне вториот од трите турнири во ЦЕВ Европската Сребрена лига. Тие гостуваат на Фарските Острови со амбиција да остварат најмалку уште една победа.

Откако во Струмица убедливо го совладаа Луксембург со 3:0, но доживеаја пораз од Швајцарија со идентичен резултат, „црвено-жолтите“ се подготвени за нови предизвик.

Во денешниот натпревар, македонските одбојкарки ќе се соочат со репрезентацијата на Фарските Острови, тим кој досега запиша два убедливи порази во натпреварувањето. Ова е добра шанса Македонија да запише нова победа и да го зацврсти своето место во Сребрената лига. Натпреварот е закажан за 19:00 часот и носи голема важност за понатамошниот успех на репрезентацијата.

Утрешниот дуел против Австрија ќе биде уште еден клучен тест за македонските одбојкарки. По него ќе имаат јасна цел , за евентуален максимален дострел во ова натпреварување, а пред третиот турнир повторно во Струмица.

Со борбен дух и посветеност на теренот, Македонија има голема шанса да се наметне како конкурент во ова престижно натпреварување.