Фудбалската репрезентација на Македонија вечерва го игра третиот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година. Пред Македонија е огромен предизвик, дуелот со Белгија на арената „Тодор Проевски“ во Скопје.
Белгија, која го започнува својот квалификациски пат токму против Македонија, важи за апсолутен фаворит во групата Ј, со оглед на тоа што е осмо рангирана на последната ФИФА листа. „Црвените Ѓаволи“ имаат исклучителен состав, исполнет со врвни играчи од најдобрите европски клубови.
Сепак, македонските „рисови“ се подготвени да дадат максимум и да се борат за позитивен резултат пред домашната публика.
Три победи на Белгијците и „рем“ и во првиот меч
Македонија и Белгија досега имаат одиграно четири натпревари, при што билансот е едно реми и три порази за македонската селекција.
Интересно е што Македонија има постигнато само еден гол против Белгија во овие средби, а токму тој и донесе реми во квалификациите за Европското првенство 1996 година. Стрелец на тој легендарен погодок беше Зоран Бошковски-Чоко, кој успеа да израмни на 1:1 во Брисел.
Во останатите три натпревари, резултатите беа 1:0, 0:2 и 0:5 во корист на Белгија. Сите четири натпревари, Македонија и Белгија, како и протоните два, се во мундијалските квалификации.

Оваа статистика покажува дека Македонија ќе има тежок предизвик вечерва, но со добра тактика и борбеност, шансите за позитивен исход не се исклучени.
Натпреварот започнува во 20.45 часот, а атмосферата во Скопје ветува вистински фудбалски спектакл. Оние кои не обезбедија влезници за натпреварот, ќе може да го гледаат низ директен ТВ пренос на МРТ, а заедно да уживаат и навиваат во Спорт Бар.





































