Единствениот Македонски претставник во УЕФА Конференциската Лига, Иван Тричковски од клупата за резерви ја проследи елиминацијата на неговиот тим АЕК Ларнака во двомечот со премелигашот, Хест Хем.
Англискиот тим имаше капитална предност уште од првиот натпревар кога на гостински терен го совлада кипарскиот претставник со 0-2, со што беше повеќе од јасна разликата во квалитет, а истото се потврди и вечерва, па Дејвид Мојс славеа со убедливи 4-0.
Резултатот го отвори младиот италинајски напаѓач Џанлука Скамака во 20-тата минута на асистенција Лацини, што беше доволно за предност од 1-0 на полувреме.
Англискиот напаѓач Бовел со два брзи гола на почетокот на вториот дел во 47 и 49-тата минута ја запечати судбината на АЕК.Конечните 4-0 ги постави Мубама во 65-тата минута.
Македонскиот интернационалец во тимот на АЕК Ларнака, Иван Тричковски не доби шанса за настап и елиминацијата на својот тим ја проследи од клупата за резервни играчи.