,,Специјалниот”, како го нарекуваат Жозе Мурињо, уште еднаш покажа како се чува резултат и со 0-0 на гости кај Сосиедад го продолжи европскиот пат со Рома.

Иако Сосиедад имаше негатива од два гола од првиот натпревар и се очекуваше офанзива уште од самиот старт, сепак шпанскиот тим играше толки колку што му дозволуваше Рома. ,,Волчицата” во 45-тата минута преку Смолинг постигна гол, но ВАР технологијата сигнализираше игра со рака со што му остави на Сосиедад барем трошка надеж во вториот дел.

Избраниците на Иманол Алгучил преку Ојазабал во 69-тата минута беа на чекор од погодок, но неговиот удар го одбрани Руи Патрисио. Истиот играч 20тина секунди подоцна со глава ја погоди пречката.

Тимот на Сосиедад имаше уште неколку прилики до крајот но Рома вешто ја чуваше предноста од првиот натпревар и се пласираше во 1/4