Старата Дама со сигурна победа од 0-2 на гостински терен кај Фрајбург се пласираше во четвртфиналето на Лигата на Европа и уште еднаш потврди дека се едни од главните фаворити за титула.
Германскиот претставник, тимот на Фрајбург, влезе со негатива од еден гол и сосема разбирливо нападна уште од самиот старт. Првата голема шанса на натпреварот ја имаа токму домаќините преку Матиас Гинтер кој во 28-та минута по нафрлена топка од корнер шутираше со глава и речиси сите ја видоа топката во голот, но чуварот на мрежата на Јувентус, Шчесни со чудесна интервенција ја сочува својата мрежа.
Јувентус полека почна да фаќа ритам и да напаѓа а дефанзивецот Бремер прв се закани погодувајќи ја пречката од голот на Флекен.
Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ во 29-тата минута на асистенција на Кин ја затресе противничката мрежа, но радоста на гостите ја расипа ВАР системот кој сигнализираше офсајд.
Сепак токму Влаховиќ во 45-тата минута од пенал донесе водство за Старата Дама, а дополнителен проблем за домаќините беше и црвениот картон за Гулде кој поради приговор доби втор жолт картон.
Фрајбург ослабен со играч помалку немаше сила сериозно да го нападне Јувентус, а резервистот Киеза во 94-тата минута ги постави конечните 0-2 за потврда на пласманот во 1/4.