Екипата на Манчестер Јунајтед со двојна победа над Реал Бетис избори пласман во четвртфиналето од Лигата Европа. На вечерашниот дуел во Севиља, „црвените ѓаволи“ како гости славеа победа со 1:0 и со вкупен резултат од 5:1 изборија пласман во следната фаза.

Стрелец на победничкиот гол беше Маркус Рашфорд во 56.минута. Ова за Рашфорд беше 25.ти гол во евро куповите.

Тимот на Реал Бетис беше немоќен да стори нешто повеќе, особено што имаше негатива од првиот дуел (1:4) пред седум ден одигран во Манчестер.

За премиерлигашот сега останува да ја очекува утрешната ждрепка. Пласман меѓу осумте екипи од ова натпреварување покрај Манчестер Јунајтед изборија уште: Јувентус, Севиља и Феенорд, додека другите четири екипи ќе бидат познати по одигрувањето на другите четири осминафинални реванш дуели.