Во плеј-оф конкуренцијата на машката ракометна Супер лига, попладнево ќе се одигра еден натпревар.

Во салата „Билјанини Извори“ во Охрид кај истоимената домашна екипа гостува скопски Вардар.

Вардарци се втори на табелата со два бода помалку од ривалот на титулата Еурофарм Пелистер. Ова откако пред два дена шампионот Еурофарм Пелистер го совлада Тиквеш со 35-26.

Затоа победата за Вардар е императив на денешното гостување кај Охрид, а триумф ќе значи и враќање на првата позиција на табелата.

Дуелот во „Билјанини Извори“ ќе почне од 18.30 часот.