екипата на Интер е шестиот патник во четвртфиналето на фудбалската Лига на шампиони.
На ,,Естадио Драгао” Интер одигра без голови 0-0 во реванш натпреварот со Порто, па благодарение на минималната победа на домашен терен во првиот меч (1-0) Интер е меѓу осумте најдобри.
Португалците има за што да жалат. Беа подобар тим во текот на целиот натпревар, а во судиското дополнение среќата им го сврте грбот.
За само 60-тина секунди Порто имаше три неверојатни шанси за гол, но ударите на домашниот тим завршуваа во стативата и пречката од голот на Онана, па резултатот остана почетниот 0-0.
Така Интер среќно по 12-години пауза успева да се пласира во четвртфиналето на елитното натпреварување.
Утре ќе ги дознаеме последните два патници во следната рунда по реванш дуелите помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул (5-2 прв меч), односно Наполи и Ајнтрахт Франкфурт (2-0).