Екипите на Манчестер Јунајтед и Тотенхем ќе одиграат европско финале, за спас на сезоните што ги имаат. Двата англиски тима ќе се борат за трофејот во Лигата на Европа, преку кој ќе бркаат учество во Лига на Шампиони следната сезона.

Очајната форма во Премиер лигата каде Јунајтед ниту Тотенхем се во долниот дел на табелата (16 и 17 место) ќе ја спасуваат вечерва. За разлика од домашното првенство, во Лига Европа да играат добро и завршија на 3.та и 4.та позиција во лигашкиот дел.

Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед сезонава нема пораз во Европа. Бруно Фернандес е најдобар играч во нивниот тим и на целото натпреварување во Лига Европа. Замислите и тактиките на Рубен Аморим тука некако успеваат. Јунајтед досега има две финалиња во Лига Европа. Првиот пат играше под палка на Жозе Мурињо кој го освои тоа финале. Вториот пат под водство на Солскер кој по несреќниот пенал рулет загуби од Виљареал.

Иако сезоната е незавршена Манчестер Јунајтед веќе гледа кон идната. Првата голема желба му ја исполнија на Аморим. Трансферот на Матеус Чуња од Вулверхемптон е реализирам, а ќе ги очекуваат Јунајтед сеуште многу реформи. Лига на Шампиони само би го зголемила буџетот, вербата во Аморим, и би избришала секаква меморија од оваа ужасна сезона.

Тотенхем

Тотенхем пак сезонава не може да крене глава од повреди. Анге Постекоглу како на некој „урочен” само му се случуваат малери. Тотенхем во финалето на Лига Европа најверојатно ќе игра без Кулушевски, Бергвал и Мадисон кој сезонава се мачи од повреди.

Тотенхем серијата без трофеј може да ја прекине вечерва во Лигата на Европа (поранешен УЕФА Куп), кој го имаат освоено два пати, во сезоните 1971-72 и во 1983-84. Интересно е што првиот пат кога Тотенхем го имаат освоено овој трофеј, е токму против англиски тим. Тоа било против екипата на Вулверхемптон кога со вкупен резултат од 3:2 Тотенхем го пехарот. Гласините велат дека, Анге Постекоглу и да го крене европскиот пехар ќе го напушти Тотенхем.

Стадионот „Сан Мемеш“ во Билбао ќе биде домаќин на годинешното финале во Лигата на Европа каде ќе се соочат Манчестер Јунајтед и Тотенхем. Победникот ќе го даде шестиот учесник на Премиер Лигата за следната сезона во Лигата на шампионите.

Англиското финале ќе започне во 21 часот.