Ракометарите на Алкалоид остварија важна победа во првото полуфинале од Европскиот куп и во Атина го совладаа АЕК со 29:25.

По натпреварот тренерот на Алкалоид Кирил Лазаров истакна:

„Игравме добро, иако имавме многу респект кон противникот.

АЕК има квалитетен состав со големо искуство. Го изненадивме противникот.

Четири голови разлика е голема предност, го изненадивме противникот, бидејќи АЕК има квалитетни играчи.

Мислам дека уште не е готово“.

Реванш дуелот се игра во недела на 25.мај во СЦ „Борис Трајковски“.