Макс Верстапен триумфираше на Големата награда на Емилија Ромања, седма трка од годинешното првенство во Формула 1.

Актуелниот шампион ја забележа својата втора победа сезонава во Имола, на јубилејот за австрискиот тим, чија неделна трка беше 400-та во својата историја.

Најблиску до Верстапен беше Ландо Норис во Мекларен, кој заостануваше шест секунди на целта. Подиумот го комплетира неговиот тимски колега Оскар Пјастри кој заврши како трет.

Сепак возачите на Мекларен остануваат на првите две места во Генералниот поредок.

Пјастри кој е лидер сега има 146 бодови, односно 13 повеќе од Норис (133). Трет е Верстапен со 124.

Следната трка ќе се вози низ улиците на Монте Карло за Големата награда на Монако веќе следната недела (25 мај)