Ќе се игра седмиот натпревар меѓу Денвер и Оклахома Сити во полуфиналето на Западната конференција. Синоќа, Денвер славеше дома со 119:107 и го израмни резултатот на 3-3 во победи.

Гостите водеа со 46:58 во последните минути од првото полувреме. Сепак Денвер направи серија од 12:0 во последните 120 секунди. Крајот на третата четвртина се покажа и како клучен, кога Нагетсите поведоа со десет разлика 90:80.

Никола Јокиќ ги предводеше Нагетсите со 29 поени, 14 скока и осум украдени топки, но доби и голема помош од своите соиграчи. И покрај здравствените проблеми, Џамал ​​Мареј додаде 25 поени, осум скока и седум асистенции. Кристијан Браун постави личен рекорд во плејофот со 23 поени, 11 скока и пет асистенции.

Најдобар играч на „Тандер“ беше Шаи Гилгиус-Александар со 32 поени.

Решавачкиот седми натпревар ќе се игра во недела во Оклахома, по што Мемфис ќе го дознае својот противник за финалето на западот.

Ноќеска пак (02.30 часот) Њујорк и Бостон ќе го играат шестиот натпревар во кој Никси влегуваат со предност од 3-2 во победи.