Во данскиот град Хернинг денеска ќе биде извршена ждрепката за Европското првенство што од 15.јануари до 1.февруари ќе се игра во Норвешја, Шведска и Данска.
Македонија ќе го има своето деветто учество на Европските првенства, а осмо во низа од 2012 година и првенството во Србија кога бевме пласирани на 5.место, Македонија е учесник на сите ЕП.
Нашата репрезентација е во третиот шешир заедно со Австрија, Холандија, Црна Гора, Чешка и Полска што значи против овие репрезентации нема да може да игра во групната фаза.
Во првиот шешир се: Франција европски првак, Данска, Шведска, Германија, Унгарија и Словенија.
Во вториот шешир се: Португалија, Норвешка, Исланд, Хрватска, Шпанија и Фарски острови, а во последниот четврти шешир се: Грузија, Србија, Швајцарија, Романија, Украина и Италија.
Првенството ќе се игра во четири градови: Хернинг, Осло, Малме и Кристијанштад.