Поради одигрувањето на финалниот натпревар од Купот на Македонија на 21 мај (среда), Комисијата за натпревари при ФФМ направи промена на термините за одигрување на последните кола во Првата и Втората фудбалска лига.
Така наместо во сабота второлигашите да ги играат своите натпревари, тогаш ќе се играат дуелите од Првата лига, а оние од Втората во недела.
Четирите натпревари од последното коло во Првата лига ќе се играат во сабота (17 мај) со почеток во 17 часот, термин во кој во недела ќе почнат дуелите од последното коло во Втората лига.




































