Со одигрувањето на натпреварите од 6.коло од квалификациите за Европското првенство познати се сите 24 репрезентации кои ќе учествуваат на шампионатот од 15.јануари до 1.февруари што ќе се игра во Данска, Норвешка и Шведска.
Со денешните победи Македонија, Полска, Австрија и Србија се изборија за пласман со освојување на второто место во своите групи, додека како третопласирани (четири репрезентации од осумте групи) пласман изборија: Романија, Италија, Швајцарија и Италија. Шеснаесет репрезентации пред одигрувањето на последното коло имаа изборено пласман на шампионатот.
Како првопласирани во групите пласман на ЕП изборија: Словенија, Унгарија, Исланд, Шпанија, Хрватска, Фарски острови, Германија, Португалија.
Како второпласирани во групите пласман на ЕП изборија: МАКЕДОНИЈА, Црна Гора, Грузија, Србија, Чешка, Холандија, Австрија, Полска.
Учесници на шампионатот ќе бидат и селекциите на Франција како европски првак, Норвешка, Данска и Шведска како ко-домаќини.