Големото дерби меѓу Партизан и Црвена Звезда, одиграно во рамките од 21-то коло на АБА лигата , кое го добија црно-белите на која беше понудена одлична кошарка од двете екипи, неизбежните кошкања, по и физички пресметки меѓу играчите, понуди и фантастична атмосфера од трибините во режија на навивачите на домаќинот Партизан.
Имено на овој натпревар соборен е рекордот во АБА лигата на посетеност на еден натпревар. Дуелот меѓу белградските лути ривали во „Штарк Арената “го следеа рекордни 17.124 посетители.
И претходниот рекорд го држеше Партизан, кога против Будуќност во сезоната 2019/20 имаше 16.531 гледач.