Во вторник ќе бидат познати сите учесници на завршницата на Купот на Македонија кога ќе бидат одиграни натпреварите од групата 1 каде е бранителот на трофејот Алкалоид.

Оваа екипа секако важи и за најголем фаворит за пласман во полуфиналето бидејќи во првиот дуел во вторник игра против „помладиот тим“ од Автокоманда Мулти Есенс, а потоа доколку победи во „финалето“ од групата би играле со победникот од дуелот Пролет и Партизан Гевгелија. Евентуалната победа и во тој натпревар значи и пласман на завршниот турнир.

Термините за одигрување на завршницата од Купот на Македонија е планирана да се игра од 15-18.мај.

Но, ракометарите на Алкалоид во тој термин ќе имаат европска обврска и дуели од финалето со АЕК од Грција. Финалето во ЕХФ Европскиот куп е планирано да се игра на 17/18.мај (прв натпревар) и на 24/25.мај (реванш).

Ова значи дека ќе мора да има промени во календарот од натпреварите во Супер лигата и во Купот на Македонија.