Ракометарите на Еурофарм Пелистер и на Охрид како победници на групите успеаја да се пласираат во завршницата од Купот на Македонија откако денеска „запишаа“ по две победи. Воедно тие му се приклучија на Вардар, кој вчера успеа да оствари две победи над Бутел и Еурофарм Пелистер 2.
Неизвесо финале одиграа вечерва во групата 4 во Охрид екипите на Охрид и на Тиквеш. Гостите од Кавадарци водеа во најголемиот дел од првото полувреме, но домашниот состав сепак стигна до победа од 34:25. Во првиот дуел во групата Охрид го победи Прилеп со 32:27, додека Тиквеш – го совлада Аеродром со 41:30.
Во групата 2 во Битола фаворитот на овој турнир Еурофарм Пелистер го победи МРК Куманово во првиот дуел со 43:30, додека Радовиш беше подобар од Струга со 43:34. Во завршниот дуел домаќинот Е.Пелистер го совлада Радовиш со 50:25.
Последниот турнир група 1 ќе се игра во Скопје во салата Автокамнда во вторник.
Завршниот турнир планирано е да се игра од 15-18.мај.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – МАЖИ
ГРУПА 3
Победник ВАРДАР
ГРУПА 4 – 27.04.2025 – НЕДЕЛА
Победник ОХРИД
ГРУПА 2 – 27.04.2025 – НЕДЕЛА
Победник ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР
ГРУПА 1 – 29.04.2025 – ВТОРНИК
13:00 АЛКАЛОИД – МУЛТИ ЕСЕНС
15:30 ПАРТИЗАН СПОРТ – ПРОЛЕТ
20:00 ФИНАЛЕ