Манчестер Сити ќе игра финале во ФА Купот и ќе има шанса сезонава да ја заврши со некаков трофеј.
Со триумф од 2:0 против Нотингем Форест, „граѓаните” против Кристал Палас ќе бркаат триумф во купот.
Манчестер Сити беше подобриот противник и тоа го покажа од самиот старт. Уште во првиот дел Сити поведе во 2.та минута со голот на Рико Луиз и од тогаш диктираше темпо. Конечните 2:0 во второто полувреме ги постави Јошко Гвардиол во 51.та минута.
Со овој рутински триумф Сити ќе има шанса да се пресмета со Кристал Палас, кој по триумф над Астон Вила со 3:0 беше првиот што се пласира во овогодинашното ФА Куп финале.