Екипата на Ливерпул со триумф од 5:1 му пресуди на Тотенхем и ја потврди својата титула во Премиер Лигата.
Натпреварот беше само потврда за официјалното освојување на англискиот шампионат.
Тотенхем најави на стартот дека ќе се бори, но тоа кратко траеше. Откако поведоа со 1:0 во 12.минута со голот на Соланке, примија 5 гола и како и најчесто сезонава останаа со отворени усти и наведнати глави.
На 1:1 изедначи Диаз во 16.та минута, а потоа во 24.та за водство од 2:1 стрелаше Мекалистер. На 3:1 во 34.минута зголеми Гакпо, а голот за 4:1 го постигна Салах во 63.та минута. Конечните 5:1 со автогол ги постави Дестини Удоги во 69.та минута.
По 2020 година „црвените” се крунисуваат со шампионскиот трофеј и го прекинаа 4 годишното владеење на Манчестер Сити. Ливерпул ја освои титулата во првата сезона на Арне Слот.
Со разлика од 15 бода помеѓу нив и второпласираниот Арсенал, по 34 кола Ливерпул има 82 бода, вториот Арсенал 67 бода, а „сиротиот” Тотенхем 37 бода со кој е на 16-тото место.





































