Денес и утре ќе се одигра 15-то коло од плеј-офот и 9-коло од плеј-аут во женската Супер лига.
Плеј-офот ни носи два возбудливи дуели, исполнети со неизвесност и големи очекувања.
Првиот дуел ќе се одигра помеѓу Вардар и Чаир, со почеток во 13:30 часот на теренот „Круме Кепески“. Во вториот меч, Металург Автокоманда ќе се соочи со актуелниот шампион Ѓорче Петров. Овој натпревар ќе започне во 16:30 часот на теренот во Автокоманда.
Во рамките на плеј-аутот, исто така се играат два интересни натпревари. Стружанка ќе гостува кај Спартак во „Круме Кепески“ со почеток во 18 часот. Последниот меч за денес е дуелот меѓу Овче Поле и Пелистер 2012, кој ќе се одигра во Свети Николе со почеток во 20 часот.
Во текот на утрешниот ден ќе се одиграат уште два натпревари од ова коло.
Кумановки ќе се соочат со тимот на Астибо, а натпреварот ќе започне во 12 часот во салата „Перо Наков“. Подоцна, во Прилеп, Деспина ќе го пречека тимот на Шампион, со почеток во 19 часот. Ова коло слободен е тимот на Ѓорче Петров МРК.
ТАБЕЛА (плеј-оф): Ѓорче Петров 29 бодови, Металург Автокоманда 23, Чаир 19, Вардар 9, Куманово 7, Астибо 0.
ТАБЕЛА (плеј-аут): ТАБЕЛА (плеј-аут): Спартак 12 бодови, Пелистер 11, Деспина 11, Овче Поле СУ 10, Ѓорче Петров-2 8, Стружанка 5, Шампион 0.
Ивона Кимовска





































