Во својата втора сезона како настапува во регионалната АБА2 лига, битолски Пелистер успеаја да се пласира меѓу осумте најдобри, а со тоа да обезбеди и учество на завршниот „фајнал-ејт“ турнир, преку кој најдобриот тим до година ќе игра во прволигашката конкуренција.
Сепак, задачата на пелистерци да направат историски подвиг ќе биде „невозможна мисија“. Имено по денешната победа на Сутјеска против Слога Краљево, тимот на Пелистер на крајот завршува како осмо рангиран.
Така во четвртфиналето Пелистер за противник ќе го има најдобриот тим во лигашкиот дел Хелиос Сан кој воедно ќе биде и домаќин на завршниот турнир, што ќе се одржи меѓу 12 и 16 април во спортската сала Домжале.
ДВОЈКИ ЗА ЧЕТВРТФИНАЛЕТО ВО АНА2 ЛИГАТА
(1) 1-8 ХЕЛИОС САНС – ПЕЛИСТЕР
(2) 2-7 КРКА – СУТЈЕСКА
(3) 3-6 ПОДГОРИЦА – ЗЛАТИБОР
(4) 4-5 БОРАЦ – ШИРОКИ
Во полуфинале играат победниците од 1 и 4 односно 2 и 3.