Ракометарите на Алкалоид создадоа пет гола предност против Рунар, за реванш полуфиналниот дуел во Европскиот куп. 

Но, оваа победа не е гаранција за пласман во финалето, смета тренерот Кирил Лазаров. Стратегот на Алкалоид смета дека во Норвешка ќе биде „ѓаволски“ тешко да се сочува предноста.

Не очекував толку, мислам дека нé потценија Норвежаните, мислеле дека не можеме да го испратиме нивниот ритам, а  ние го испративме добро и затоа што бевме -2 или -3 разлика едно време и дојдовме до 7 разлика во краток период. 

Со квалитетна ротација каде што фала Богу скоро сите играчи овојпат одговорија квалитетно и имаат добра реализација,  што се надевам дека ќе имаат и во Норвешка.

Но за да не ја испуштиме оваа шанса, а ќе биде ѓаволски тешко во Норвешка, мора да одиграме исто. Тоа би било големо успех, да се пласираме во финале како млад тим.

Да јас кажав и претходно дека ќе бидам многу претпазлив во наредните седум дена мислам  и моите играчи го знаат.

Тие се квалитетен тим кој надополнувал и поголема разлика. Тоа е незгоден терен и ќе се припремиме добро и ментално, психички и физички.

Решаван натпреварот Рунар и Алкалоид ќе го играат следната недела на 27 април (17 часот)