Последниот македонски претставник на европската сцена, Алкалоид вечерва го одигра првиот полуфинален натпревар во Европскиот Куп.
Пред своите навивачи во Автокоманда, ракометарите на Алколоид минимално го совладаа нерешениот Рунар со пет гола разлика 42-37.
Дека овој тим е најсериозниот ривал сезонава на Алкалоид покажа текот на целиот натпревар кој заврши со дури 79 постигнати голови.
Откако во првите осум минути Алкалоид три од четирите гола ги постигна од седмерец (Серафимов), конечно во деветтата прво водство 5-4. Во продолжение двете екипи повеќепати се сменија во водство, се до 12-12/. Тогаш следуваа три гола во низа на македонскиот тим и најголема предност во 20.минута од 15-12. Во два наврати избраниците на Лазаров имаа шанса и за +4 но не ги искористија. На полувреме Алкалоид замина со само гол предност 21-20.
Во вториот дел, гостите почнаа подобро, па во 36 минута тие за прв пат имаа два гола предност 24-26. Сепак, во 44.минута Алкалоид ја врати предноста за водство од 30-29, а набрзо и +2 (33-31). Избраниците на Лазаров во 51.минута имаа и најголеми четири разлика (36-32), како и во 52.,минута (37-33). Имаа и можност „фармацевтите“ да одат на +5, но Карасманакис не успеа да реализира. Сепак во 58.минута по одбраната на Галевски со шестиот гол на Џонов, Алкалоид дојде до +5 (41-36). Таа предност избраниците на Лазаров успеаја да ја сочуваат откако гостите не реализираа седмерец во последната секунда, па резултатот на крајот гласеше 42-37.
Прв стрелец во редовите на Алкалоид беше Мартин Серафимов со 10, додека Иман Џонов постигна 7 гола. Во противничкиот тим се истакна Кристофер Рамбо со 11 погодоци.
Реванш натпреварот во Норвешка ќе се игра на 27 април (17 часот). Во второто полуфинале играат босанскиот тим Извиѓач и грчки АЕК во првиот дуел вчера АЕК пкбеди со 37:28.





































