Познати се осумте екипи кои ќе продолжат во полуфиналето на Лигата на Европа и Конференциската лига.

Англија ќе има три, Шпанија двајца претставници, а Италија, Шведска и Норвешка по еден тим кои ќе се борат за место во финалето.

Во второто по квалитет натпреварување, Лига Европа, можно е Англиски финале во Билбао. Тоа доколку Тотенхем го мине норвешкото изненадување Бодо/Глим,а Манчестер Јунајтед биде подобар од Атлетик. Сепак баскиската екипа сигурно ќе има голем мотив да стигне до завршниот меч што се игра на нејзиниот стадион „Сан Мамеш“ на 21 мај.

Во конференциската лига, сите четири полуфиналисти доаѓаат од различни земји, но ниту една од домаќинот на финалето (Полска).

За место во финалето закажано за 28 мај во Вроцлав, ќе се борат шпанскиот Бетис и италијанската Фиорентина, односно англискиот Челзи и Дјургарден од Шведска.

Првите полуфинални дуели во двете натпреварувања ќе се играат на 1, а реваншите на 8 мај, со почеток од 21 часот