Норвешкиот тим на Рунар ќе биде голем предизвик за ракометарите на Алкалоид во полуфиналето на ЕХФ Европскиот куп. 

Со самиот факт дека станува збор за екипа од Скандинавија, јасно е дека избраниците на Кирил Лазаров ќе имаат тешка задача. 

Повредите како и тешките неколку натпревари во домашното првенство, ќе диктираат како Алкалоид ќе му се спротивстави на Рунар. 

„Сериозна екипа со еден скандинавски стил на игра, којшто во минатото на сите наши клубови и националните селекција, не ни одговарал тој стил на игра.

Можам да кажам дека нé чека тежок натпревар.

Како тренер ќе бидам задоволен со било каква победа. Камо среќа да биде таа и со повеќе голови, но ќе бидам задоволен да победиме и со еден разлика“,
истакна Лазаров. 

Натпреварот Алкалоид – Рунар ќе се игра во недела во Автокоманда од 19 часот.