Фудбалерите на Барселона ја демолираа Борусија Дортмунд и веќе сите ги гледаат во полуфиналето на Лигата на шампионите.
Во првиот четвртфинален меч одигран на „Монжуик“, Барселона демонстрираше надмоќ и го совлада Дортмунд со 4-0.
Иако Барса создание неколку шанси, сепак на првиот гол се чекаше до 25.минута, кога Рафиња ја донесе првата радост на домаќините. До крајот на првиот дел немаше промена на резултатот, а во второто уште три гола во мрежата на германскиот тим.
Следуваа два гола на Роберт Левандовски. По само три минути игра, Рафиња ја впиша првата асистенција, а првиот гол за Левандовски и водство од 2-0. Полјакот во 66-тата минута пак ја затресе мрежата на гостите за водство од 3-0.
Судбината на „Милионерите“ ја запечати Ламин Јамал со голот во 77.минута, на асистенција на Рафиња. Гостите од Германија може да бидат и „среќни“ што не примија најмалку уште гол-два.
Уште од сега Барселона може да размислува на полуфиналето и дуел со победникот од Интер – Барн.
Но, претходно, во вторник (15 април), ќе треба и да се одигра реванш дуелот во Дортмунд.


































