Тимот на  Франкфурт не е во најдобра форма па трет натпревар по ред остана без победа откако денес против Штутгарт кој е на 16 позиција во Бундес Лигата одигра само реми.

Првиот гол го постигна искусниот капитен Себастијан Роде во 55 минута кој го даде првото водство на натпреварот за домаќинот.

„Орлите“ не славеа долго бидејќи по 20 минута Силас(75) го израмни резултатот на 1-1.

Резултатот не беше единствено нешто изедначено на натпреварот, статистичики двете екипи имаа и ист посед на топка со 50%.

Со оваа реми Ајнтрахт Франкфурт останува на шестата позиција што значи треба да игра квалификации за третато најсилно клупско натпреварување, Конференциска Лига.

Лајпциг го искористи домашниот терен и со убедливи 3-0 ја надигра Борусија Дортмунд.

Вернер во 57-та, Фирсберг во 72-та и Јошко Гвардиол во 80-тата стрелаа за убедлива победа и три бода со кои Лајпциг изби на третата позиција.