Најдобрата женска фудбалска репрезентација на Македонија ја очекуваат два натпревари два нови натпревари во Лигата на нации.

Во рамките од шестата група од сегментот Ц, нашите фудбалерки ќе ги играат натпреварите со Летонија и Косово. Првиот на програмата е веќе во петок (4 април,) кога ја пречекуваме селекцијата на Летонија. Четири дена подоцна во Приштина играме против Косово, селекција од која напите репрезентативки беа поразени во Скопје со 0-4.

Селекторот Александар Андов денеска го објави списокот на фудбалерки на кои ќе смета за овие дуели.

Македонија ќе биде посилна за својата најдобра фудбалерка  Наташа Андонова, која поради повреда не настапи на првиот меч.

Домашниот натпревар против Летонија ќе се игра на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ со почеток од 15 часот.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРКИ

ГОЛМАНИ:
Евгенија Велјановска – Скопје 2014
Викторија Панчурува – Тиверија Брера
Кристина Павлоска – Раднички Крагуевац, Србија

ОДБРАНА:
Сара Коларовска – Скопје 2014
Ане Бошеска – Тиверија Брера
Павлинка Николовска – Тиверија Брера
Мила Панева – Скопје 2014
Лимани Ихмете – Германија
Викторија Недева – Тиверија Брера
Елена Панеска – Олимпија, Словенија
Бојана Петкова – Полска

СРЕДЕН РЕД:
Маријана Нацева – Дортмунд, Германија
Теона Голабовска – Тиверија Брера
Хава Мустафа – Љуботен
Александра Марковска – Љуботен
Симона Мајер – Израел
Ленче Андрееска – Турција
Рабија Дервиши – Скопје 2014
Наташа Андонова – Мадрид, Шпанија

НАПАД:
Јилза Максути – Турција
Гентијана Рочи – Финска
Меланија Грозданова – Истатов
Јована Павловска – Полска