По стартната победа против Лихтенштајн во саботата, утре најдобрата македонска фудбалска репрезентација, ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за Светското првенство 2026-та.

Избраниците на селекторот Благоја Милевски во позитивна атмосфера во Скопје го чекаат Велс.

Само победа е во мислите на македонските репрезентативци. Тие ќе имаат и голема поддршка од трибините на аренмата „Тодор Проевски“ . Дополнителен мотив бидејќи ќе играат за трагично загинатите во кочанската несреќа.

Седства собрани од картите кои во огромен број се продадени, ќе одат во хуманитарна цел, за поддршка на настраданите.

„ И пред натпреварот со Лихтенштајн, па и сега кажав дека ова се најтешките натшревари за сите нас.

Наше е да пробаме со победа да им се оддилжиме и да изразиме почит на сите во оваа несреќа“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Што се однесува до дуелот со Велс, Милевски смета дека за да се дојде до успех, мора да се одигра максимално. 

,,Според ранкинг и последните нивни настапи на големите натпреварувања, Велс е во улога на фаворит. Но, не секогаш фаворитите победуваат, а наше е да бидеме совршени на секој план во играта. Само така може да надеваме на добар резултат”, додаде Милевски.

Избраниците на Милевски во овие моменти го одработуваат тренингот на теренот на „Тодор Проевски“, каде вечерва од 20.45 часот ќе тренираат и Шкотите.

Токму во тој термин (20.45 ч.) е закажан и стартот на утрешниот дуел меѓу Македонија и Велс, што е во рамките од „Ј“ групата.

Потсетување дека во оваа група, Македонија за противници ќе ги има Белгија и Казахстан со кои ќе играме во јуни месец.