Најдобрата македонска фудбалска репрезентација, попладнево во Вадуц го почнува новиот циклус на квалификации овој на Светското првенство 2026-та.
Избраниците на селекторот Благоја Милевски за противник ќе ја имаат селекцијата на Лихтенштајн.
Само победа е во мислите на македонските репрезентативци, кои впрочем се во улога на фаворит.
Најголемата победа Македонија ја има остварено токму над Лихтенштајн
Македонија и Лихтенштајн досега имаат одиграно 11 официјални натпревари, а само на еден од нив нашата селекција нема победа. Во далечната 2002 во квалификациите за Европското првенство дуелот во Вадуц заврши 1-1. Од 10-те победи секако највпечатлива е онаа од 11-0, исто така на гостински терен, во 1996 година, а во квалификациите за СП.
Денешниот натпревар што ќе се игра на стадионот „Рајн парк“, ќе почне од 15 часот.
Три дена подоцна (вторник), во Скопје, македонските фудбалери ќе го пречекаат Велс.
Покрај овие две репрезентации, противници на Македонија во групата „Ј“ ќе бидат Белгија и Казахстан.
Copy of РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ / ГРУПИ | СП 2025 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА




































