Без вообичаената пракса со по некоја изјава, фото и видео, македонските фудбалери ги почнаа подготовките за Мундијалските квалификации.
Селекторот Благоја Милевски денеска ја имаше првата прозивка и тренинг пред двата воведни натпревари во квалификации за СП 2026-та.
Во овие траорни денови за Македонија, нашите фудбалери кратко ќе одработат подготовки пред првиот меч со Лихтенштајн закажан за во сабота. Три дена подоцна во Скопје, ќе се игра натпреварот против Велс.
Од таборот на нашата селекција со кратка порака.
Обединети во тагата!
Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите.
Нивниот светол дух ќе живее во нас.
Нека почиваат во мир
