Македонските фудбалери во сабота (22 март) го почнуваат новиот циклус во квалификациите за Светското првенство 2026 година.
Селекторот Благоја Милевски веќе го објави списокот на играчи на кои ќе смета за првите дава натпревари против Лихтенштајн и Велс.
Селекторот смета дека нема лесни противници денеска и дека против секоја репрезентација ора да се одигра максимално.
„ Секој натпревар е приказна за себе, секој меч бара посебна подготовка. Во секој дуел ќе влеземе да освоиме три бода, но, одиме натпревар по натпревар. Што ќе ни донесат претстојните два ќе видиме.
Добро е што јавноста има големо очекување од нас, тоа дополнително нé мотивира. Последното издание од Лига на нации ни донесе позитивна атмосфера. Имавме и тоа како успешни Лига на Нации, квалификациите беа исто така успешни, стигнавме до бараж.Сега нé очекуваат два натпревари со репрезентации кои се сериозни. Лихтенштајн го има целиот наш респект. Велс е редовен учесник на последните светски и европски првенства, што значи максимално сериозен тим“, изјави селекторот Милевски.
Голем интерес за дуело со Велс, картите брзо се продаваат
Првиот натпревар против Лихтенштајн црвено-жолтите ќе го играат на гостински терен (22 март – сабота) од 15 часот.
Три дена подоцна (25 март – вторник, 20.45 часот) на арената „Тодор Проевски“ ќе гостува Велс.
Од федерацијата информираа дека за првиот домашен натпревар веќе се продадени над 5.000 карти, а може да се купат по цена од 300, 400 и 900 денари, на онлајн платформата на ФФМ.