Пред македонската футсал репрезентација се последните два натпревари од квалификациите за Европското првенство.

Првиот македонските футсалци ќе го играат денеска на домашен терен во С.Ц. „Јане Сандански“.

Противник е репрезентацијата Холандија селекција од која во првиот меч во овие квалификации загубивме со 4-0. Денешниот натпревар ќе почне во терминот од 19 часот, а може да го гледате низ директен пренос на МРТ3.

Во последниот натпревар закажан за 12 март (среда) нашите репрезентативци ќе и гостуваат на Андора.

Во квалификациската група 7 за пласман на Европското првенство, Македонија има освоено бод од четирите натпревари. На домашен терен одигравме 1:1 против Андора.

Португалија има максимални 12 бодови по четири меча, Холандија е на второто место со победа и нерешен резултат. Андора е на третото место со три нерешени меча, а Македонија последно со само 1 бод.