Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе „спарингува“ со Србија.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски, се во Бор, каде ќе се играат два контролни натпревари против соодветната селекција на Србија. На дуелите против Србија, Грчевски не ќе може да смета на неколку стандардни репрезентативки поради повреди.

Првиот, денешниот натпревар што ќе почне од 17 часот ќе може да го гледате во живо овде.

Инаку, овие натпревари, кои се дел од ЕХФ неделата, за нашите ракометарки и пред се селекторот Грчевски се добредојдени за што е можно подобро да се подготват за баражот против Полска.

Преку селекцијата на Полска, македонските ракометарки ќе бркаат нов настап на Светското првенство.

Првиот меч ќе се игра на гостински терен во Кошалин на 9 април (20.30 часот), а реваншот во Битола е закажан за 12 април (19 часот)