Дали овој викенд е оној во кој ќе ги скршиме малерите? Се надеваме дека да. Правиме нов предлог тикет кај нашите пријатели од Златна Копачка, со 6 пара и вкупна уплата од 200 денари.
Разгледајте ги, можеби некој нема да ви фати око, но еве и мало објаснување зошто баш нив ги играме.
Лече – Милан: 2
Милан има само 1 победа на последните 5 натпревари, а излезот од кризата би можел да биде Лече на гости на Виa дел маре. Консеисао најавува клупа за Тео Хернандез и Рафа Леао и шанса за Сотил во нападот, па зошто да не биде пресврт ова за сезоната на росонерите?
Марсеј – Ленс: 1-3 гола во прво полувреме и 1+ во второ
Марсеј е екипа која сака голови, но исто така и Ленс. На Велодром речиси одамна не сме виделе натпревар без голови, па очекуваме така да биде и во сабота навечер.
Валенсија – Ваљадолид: Т1 2+
Ако на овој натпревар Валенсија не победи и не постигне два гола, нема кога. Но за да бидеме на „сигурно“, не играме чист 1 туку дека домаќинот ќе постигне барем 2 гола.
Наполи – Фиорентина: ГГ
Наполи исто како и Милан е без победа на претходните 5 натпревари, но за разлика од миланезит. Наполитанците се на бод од лидерот Интер. Им гостува незгодната Фиорентина, која сака да игра на гол повеќе, па затоа очекуваме барем по еднаш да се стресе мрежата на домаќините, но и на гостите од Фиренца.
Јувентус – Аталанта: Т2 1+ второ полувреме
Јувентус се врати во трка за титулата и е на само 6 бода од Интер, но Аталанта е пречката за бјанконерите овој викенд. Бергамашите играат отворен фудбал, а Јувентус очекуваме да прими барем еден гол од тимот на Гасперини, па зошто да не биде тоа во второто полувреме бидејќи коефициентот е одличен?
Манчестер Јунајтед – Арсенал: 2
Очекуваме заморот кај Јунајтед да биде поголем од кај гостинот, а тимот на Артета да ја продолжи битката за титулата и по гостувањето на Олд Трафорд. Затоа, двојка за дербито на колото, со оглед на тоа што гостите доаѓаат по убедливата победа кај ПСВ на гости од 1:7.
Доколку ти се допаѓа овој тикет, можеш да го одиграш во било која Златна Копачка со кажување на кодот: W03070928377
