На eден час пред почетокот на супер пресметката помеѓу Баерн Минхен и Париз Сен Жермен, познати се составите на двата тима со кои ќе се обидат да изборат пласман во најдобрите осум екипи во најелитното клупско натпреварување, Лигата На Шампиониоте.
Гостите од Париз имаат негатива од првиот натпревар па сосема разбириливо ќе тргнат со офанзивен состав, а во шпицот на нападот се првите ѕвезди на екипата, Лео Меси и Килијан Мбапе.
Тренерот на Баерн, Нагелсам се реши за проверени сили, а новина е тоа што во комбинација за натпреварот е и Садио Мане кој се врати од тешката повреда, а Сенегалецот шанса за настап ќе чека од клупата за резервни.
Почетните состави изгледаат вака:
За Баерн Минхен ќе настапат: Јан Зомер, Станишиќ, Упамекано, Де Лихт и Дејвис, Горецка,Кимих, Томас Милер, Кингсли Коман, Мусиала и Чупо Мотинг.
Тимот на Париз Сен Жермен ќе настапи со следните 11: Донарума, Рамос, Маркињон, Периера, Менди, Витиња, Верати, Руиз, Мендез, Меси и Мпабе.
Хендикеп за Галтиер е тоа што на овој натпревар нема да може да смета на повредениот Нејмар, за кого најверојатно сезоната е завршена.