Одбојкарите на Работнички го комплетираа квартетот на четирите екипи што ќе играат на завршниот турнир во Купот на Македонија.
Голема борба се водешѓе во првите два сета кои скопјани ги добија со 25:23 и 28:26. Во третиот домашниот состав како да загуби сила и мотив, па гостите го добија со 25:19).
Така Работнички им се приклучи на бранителот на трофејот Штоп УГД, актуелниот шампион Струмица и велешки Борец. Овие три тима пласман во полуфиналето обезбедија минатата среда.
РЕЗУЛТАТИ – КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ МАЖИ
ШТИП УГД – СКОПЈЕ 3-0 (25:09, 25:08, 25:14)
СТРУМИЦА – УНИВЕРЗИТЕТ ВО ТЕТОВО 3-0 (25:13, 25:20, 25:11)
БОРЕЦ – ЛИРИЈА 3-0 (25:18, 25:23, 25:12)
ШКЕНДИЈА – РАБОТНИЧКИ со 0-3 (23:25, 26:28, 19:25)