Женската фудбалска репрезентација на Mакедонија со пораз го започна новиот циклус во Лигата на нациите.
Во првиот меч од Ц сегментот на групата 6, македонските фудбалерки се поразени од Косово со 0-4.
На натпреварот одран, попладнево, на тренинг Центарот „петар Милошевски“ крај ФФМ, триумфот на гостинките им го донесе Калтрина Боќај со два гола и асистенција. Уште во шестата минута, таа искористи нерешителноста на нашата одбрана и донесе водство на гостинската селекција. Вториот гол беше вистинско ремек-дело на Боќај, а го постигна во 49-тата минута.
Гостинските фудбалерки тука не застанаа. Во 65.минута, двојниот стрелец Боќај одлично асистираше до Фетај за 0-3. Само две минути подоцна (67) Метај зголеми на 0-4 за гостинките, поставувачи го конечниот резултат.
Следниот натпревар македонските фудбалерки ќе го играат 4 април, повторно на домашен терен против Летонија. Инаку Летонките веќе во вторник и гостуваат на селекцијата на Косово.