Во женската ракометна Супер лига, денеска се играат сите натпревари од четвртото коло во плејоф конкуренцијата.

Првиот натпревар за денес е дуелот помеѓу Астибо и Вардар. Тој е закажан во 12 часот и ќе се одигра во салата „Тошо Арсов“ во Штип.

Актуелниот шампион Ѓорче Петров ќе се соочи со Куманово во натпревар што ќе се одигра во салата „Христо Батанџиев“, со почеток во 17:00 часот.

Последниот натпревар за денес е дербито помеѓу Металург Автокоманда и Чаир, кое ќе се одигра во салата „7 Март“ со почеток во 18:00 часот. Овој дуел има голема важност, бидејќи и двата тима се борат за врвот во плејофот и секој освоен бод може да биде пресуден во трката за висок пласман.

ТАБЕЛА: Ѓорче Петров 7 бодови, Металург Автокоманда 7, Чаир 5, Вардар 1, Куманово 1, Астибо 0.

Ивона Кимовска