Екипата на Париз Сен Жермен славеше убедлива победа над Брест во првиот меч од 1/16-финалето во Лигата на шампионите.

ПСЖ на гостувањето кај францускиот ривал Брест победи со 3-0. Со овој триумф „светците“ направи голем исчекор кон следната рунда, во која пласманот треба да го потврди пред своите навивачи.

Два од трите гола за парижаните постига Усман Дембеле. Сепак водството на гостите им го донесе Витиља од пенал во 21-вата минута. Дембеле својот прв гол го постигна во 45-тата, а вториот во 66.минута за убедливи 3-0.

Реванш натпреварот на „Паркот на принцовите“ ќе се игра за осум дена (19 февруари, среда).

Вечерва на програмата во Лигата на шампионите се уште три натпревари. Дербито на оваа рунда ќе се игра во Манчестер каде Сити го пречекува мадридски Реал.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 1/16-ФИНАЛЕТО
Вторник

БРЕСТ – ПСЖ
ЈУВЕНТУС – ПСВ од 21 часот
МАНЧЕСТЕР С. – РЕАЛ М.
СПОРТИНГ Л. – БОРУСИЈА Д.
Среда
КЛУБ БРИЖ – АТАЛАНТА од 18.45 часот
СЕЛТИК – БАЕРН М. од 21 часот
ФЕЕНОРД – МИЛАН
МОНАКО – БЕНФИКА