По двомесечна пауза денеска продолжува сезоната во Првата женска кошаркарска лига на Македонија.
Поради претстојниот собир на репрезентацијата, закажан за во понеделник, сите натпревари од осмото коло ќе се играат денеска.
Во онаа поквалитетната „А“ конкуренција дербито ќе се игра во Каменица. Кај актуелниот шампион и второ пласиран тим на табелата Баскет Кам ќе гостува екипата на Бадел која е трета на табелата.
Лидерот на табелата Крива Паланка го пречекува последно пласираниот Пробаскет, а екипата на Вардар е домаќин на делчевски Патриот.
По оваа рунда ќе следува нова пауза поради настапот на сениорската репрезентација на Македонија во квалификациите за Евробаскетот.
ПРВА ЛИГА (ЖЕНИ) – 8.КОЛО
сабота 1 февруари
13.30 БАСКЕТ КАМ – БАДЕЛ
15.00 ВАРДАР – ПРОБАСКЕТ
16.00 КРИВА ПАЛАНКА – ПАТРИОТ
слободен: МЗТ ССКОПЈЕ А.
ТАБЕЛА: Крива Паланка 12 бодови, Баскет Кам 11, Бадел 10, Вардар 9, Патриот 8, МЗТ Скопје А. 7, Пробаскет 6,