Само четири натпревари ноќеска се одиграа во НБА лигата, а индивидуално ги одбележа Тајрис Макси, како и триумфот на Хјустон над Милвоки.
Кошаркарот на Филаделфија, Макси постигна 42 поени во победата на својот тим над ЛА Лејкерс со 118-104. Кај Лејкерси, Леброн Џејмс постигна 31 поен, а Ентони Дејвис одигра само 9 минути, бидејќи се повреди во првото полувреме.
Филаделфија го врза третиот триумф во низа, а само 18-ти сезонава. Истовремено за Лејкерси ова беше првиот пораз по четирите победи.
И екипата на Хјустон на продолжи низата на успешни настапи. Овојпат на гостински терен славеше кај Атланта со 100-96 за четвртиот триумф во низа со кој изби на 2.место на табелата во Западната конференција.
Прв стрелец во победничката екипа беше Џејлен Грин со 25 поени. Одличен настап имаше и Турчинот Шенѓул Аплерин со двоен ефект со 18 поени и 10 скокови.
На останатите два натпревари победи славеа домашните екипи.
Голден Стејт славеше над Јута со 114-103, а Портланд го надигра Милвоки со 125-112. На овој натпревар се истакнаа Анмтерокумпо кај гостите со 39 поени и 12 скокови, односно Дени Авдија кој за победникот постигна 30 поени и 9 скока.