Фудбалерите на Барселона останаа без два „планирани“ бода на гостувањето во Мадрид кај Гетафе.
Во натпреварот од 20.коло на Ла Лига, Барселона одигра „само“ 1-1 против Гетафе.
Иако каталонскиот клуб рано уште во шестата минута поведе со голот на Кунд, сепак не успеа да слави победа.
За тоа се погрижи Арамбири во 34-тата минута кога го израмни на 1-1. Иако Барса се обидуваше да стигне до нов гол и победа, резултатот остана не променет.
На овој исход најмногу се радуваа останатите мадридски ривали на Барса, Атлетико и Реал кои се претенденти за титулата.
Денеска Атлетико исто така „киксна“ и загуби од Леганес со 1-0, па остана на 44 бодови. Реал кој е втор со 43 утре го пречекува Лас Палмас.
Барселона е на третото место со 39 бодови и полека го губи чекорот со ривалите.