Олимпик Марсеј со минимална победа против Рен се зацврсти на второто место во најдобрата француската лига, Лига 1, веднаш зад ПСЖ.
Во дербито, водено и последен натпревар од 26 коло, Марсеј на гостински терен го победи Рен со 0-1.
Единствениот гол на мечот беше постигнат во 57-минута, по одлична асистенција од Џенгис Ундер кој го пронајде Колашинац.
Во последните мигови пред крајот на натпреварот, домаќините имаа шанса за израмнување, но обидот на Теат со глава гостинскиот голман Лопез успеа да го одбрани и да му донесе на својот тим важни три бода.
Со оваа победа Марсеј останува на второто место сега со 55 поени, и 8 помалку од моменталниот лидер ПСЖ, но четири повеќе од трето и четврто пласираните Монако и Ленс.