Младиот голман Никола Кизиќ ќе застане на голот на прволигашот Аеродром.

Станува збор за постариот брат на нашиот репрезентативец Марко кој ги брани борите на битолски Еурофарм Пелистер.

Никола е поранешен член на Вардар, Пролет и екипата на Драчево, од каде доаѓа во редовите на РК Аеродром.

Со него тимот од оваа скопска општина најавува дека атакува на висок пласман во Прволигашката конкуренција, но и пласман во Супер лигата, ни изјави Дарко Петровски првиот човек и тренер на овој клуб.

„Со Никола добиваме сигурност на голот, со што ќе бидеме уште по конкурентни во прволигашкото друштво, но тука не застануваме. Размислуваме и ќе атакуваме на повисоки цели, пласман во Супер лигата. За таа цел веќе формираме тим со неколку квалитетни засилувања“, истакна Петровски.

Станува збор за младите централни бекови, Виктор Трифуновски кој доаѓа пд младинскиот погон на Вардар, Михаел Цветановски од Еурофарм Пелистер и Христијан Недановски кој го носеше дресот на Металург РА.

Аеродромци, кои имаат одиграно еден натпревар повеќе од ривалите, во моментов се на првата позиција во прволигашката Б конкуренција со 31 бод колку што има и нивниот ривал Драчево, додека трето и четврто пласираните екипи на ЗРК Голден Арт–Аеродром заостанува и Металург РА заостануваат седум бодови.

Потсетување дека во вчерашниот натпревар Аеродром со неверојатни 40 разлика за што веќе информиравме (види овде).